Македонската фудбалска репрезентација драстично ќе биде ослабена на утрешниот натпревар со Грузија во финалето од баражот, откако поради позитивен тест на ковид -19 од комбинација отпаднаа Крсте Велковски и Кире Ристевски, а Енис Барди поради повреда.

Отсуството на Барди и Ристевски ќе му направи големи проблеми и главоболки на македонскиот селектор Игор Ангеловски, затоа што двајцата фудбалери речиси и да се незаменливи во А репрезентацијата, додека Велковски минатиов период беше користен како замена.

Покрај Велковски, Ристески и Барди ќе недостасува и Аријан Адеми кој е повреден.

„Црвено жолтата“ експедиција денеска со чартер лет во 10 часот ќе отпатува во Грузија. Натпреварот се игра утре (четврток) во 18 часот.

OhridNews