Англискиот шампион Ливерпул во следниве десеттина денови ќе биде ослабен поради отсуството на Садио Мане и најновата аквизиција, Тијаго Алкантара. Двоецот е отстранет од екипата поради позитивен тест на вирусот Ковид -19.
Тијаго одредено време е во изолација, а истото ќе го повториме и во случајот со Мане. Останатите фудбалери се тестирани и добија негативни резултати. – стои во соопштението од Ливерпул.
Во текот на неделата по слободен избор се тестираат над 100 фудбалери, членови од стручниот штаб и логистиката во клубовите од Премиер лигата. Бројката на позитивни случаи не е голема, но сепак присутна во најквалитетната фудбалска лига во Англија.
Ливерпул после три одиграни средби има три победи, а во четвртата рунда, викендов, силите ќе ги одмери со Астон Вила на „Вила Парк“.
OhridNews