Францускиот првак и европски вицешампион, Пари Сент Жермен и шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид ги „тресе“ криза од вирусот ковид -19 откако позитивни тестови добиле неколку фудбалери.

Во екипата на ПСЖ позитивни биле бразилската супер ѕвезда Нејмар, аргентинецот Анхел ди Марија и Леандро Паредес. Тројцата фудбалери биле на одмор на Ибица и таму се заразиле со вирусот. Нејмар, Ди Марија и Паредес ќе поминат одредено време во карантин и потоа ќе му се приклучат на екипата.

Диего Коста и Сантијаго Арис се заразени со ковид -19 кај Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб ги потврди информациите и соопшти дека фудбалерите се во добра здравствена состојба..

Вирусот ковид -19 направи хаос во светскиот спорт. Фудбалската сезона се прекина потоа се доигра, а големи натпреварувања какви што се Олимписките игри и Европското првенство се одложија за следната 2021 година.

OhridNews