Статусот на „прва резерва“ лесно може да се активира во учесник на Мундијалот во Египет за македонската ракометна репрезентација откако дел од селекциите учеснички пријавија голем број на позитивни случаи на вирусот ковид -19.

Најголем биланс на ковид позитивни случаи пријавија Соединетите американски држави (САД) вкупно 18, а Капе Верде стигна до седум. САД испратија писмо дека на СП ќе настапат само со 12 ракометари, а пак, Капе Верде се наоѓа во карантин во Португалија и ако бројот на ковид позитивни случаи драстично се зголеми ќе бидат отстранети, а местото ќе и биде доделено на Македонија.

„Црвено жолтите“ се наоѓаат во базата во Скопје. Направени се сите потребни тестови, ако треба веднаш да се отпатуваат до Египет и да бидат дел од собирот на најголемите ракометни ѕвезди.

OhridNews