Македонските претставници во Лига Европа, Металург и Еурофарм Пелистер утре наместо денеска ќе ги добијат ривалите за групната фаза од натпреварувањето.
Причина за одложувањето е коронавирусот односно позитивниот тест на еден од технички работници во Европската куќа на ракометот.
Вработените во ЕХФ експресно се тестирани и после излегувањето на резултатите ќе се одреди точниот термин за одржување на ждрепката. Не се исклучува можноста ждрепката повторно да биде одложена.
Металург пласман во фазата по групи во Лига Европа обезбеди по пат на плејоф, додека Еурофарм Пелистер поради добриот рејтинг директно учесвува во најмасовното клупско натпреварување.
OhridNews