Избори ќе има во 2024 година, прво ќе имаме претседателски, а потоа и парламентарни избори. На тие избори ќе се случи истото што се случи и во општината Маврово Ростуше, кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше за огромна предност на нивната политичка партија и на крај катастрофално ги изгубија изборите, изјави премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип.
Според премиерот тоа е резултат на политиките кои оваа Влада ги води, а тоа, како што кажа, „се политики за европска интеграција на државата со многу јасен план за справување со економската и енергетската криза“.
ВМРО-ДПМНЕ можеше да покаже што може да направи, бидејќи освои над 50 општини во државата пред само една година и гледаме дека катастрофално управува со тие општини. Како што 11 години ја упроспастија државата да не мрдне еден милиметар во европските интеграции, да немаме ниту една голема инвестиција во енегретскиот сектор, истото тоа го потврдуваат и сега дека се потполно истата партија, со потполно ист начин на управување во Градот Скопје. Единаесет години како што беше државава заглавена под власта на ВМРО-ДПМНЕ така сега Скопје цела една година е заглавено под власта на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Ковачевски.
Одговарајќи на прашање, Ковачевски информира дека вчера имал состанок со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши. Прашан дали СДСМ би отстапила министерско место во Владата во преговорите со Алтернатива, премиерот посочи дека е неблагодарно од сега да се зборува за тоа.
Најпрво вчера излегоа информации дека сме имале состанок со претседателот на Алтернатива, Гаши. Имавме состанок, јас и Гаши имаме редовни состаноци како коалиционен партнер, вообичаено тие се на две или на четири недели зависно од обврските. Разговаравме за спроведување на програмата на Владата како и за некои елементи од соработката што ја имаме со Аалтернатива, а кои се утше не се реализирани. Во однос на проширувањето на Владатата, јас разговарав и со Таравари, таму разговаравме исклучиво за европскиот пат на државата и сите одлуки кои треба да се носат со широк политички консензус во Собранието, пред се тука мислам на продлжувањето на европскиот пат на државата и законите од областа на владеење на правото, борбата против корупцијата и справувањето со економската криза, појасни Ковачевски, додавајќи дека за конкретна соработка во одредени ресори досега нема станато збор.
Дополни дека кога се прави концепт на Влада тоа не значи дали некој ќе отстапи место или некој ќе преземе ресор, туку се работи за правење Влада врз основа на вредности, програма, во која секоја политичка партија треба да преземе одговорност во одреден ресор.
Доколку дојде до конретни разговори за влез во Владата, тогаш секако дека сите ресори ќе бидат разгледани да се види кои се предностите, афинитетите на политичката партија во одредена област, и тогаш може да се разговара, но сега да навлегувам во шпекулации за тоа дали некој би отстапил ресор, навистина не е благодарно, не само кон политичките партии туку и кон министрите кои водат ресори, рече Ковачевски.
OhridNews