Во рамки на официјалната посета на делегацијата од Република Бугарија, во Владата претпладнево се одржа пленарен состанок на премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Бугарија, Кирил Петков, заедно со членовите на двете влади.
На пленарниот состанок на владините делегации од двете држави се дискутираше за важноста од реализација на проектите во насока на подобрување на состојбата во конкретни области меѓу двете земји за што министрите на двете влади ги презентираа нивните заклучоци од билатералните средби, соопшти владината прес-служба.
Активностите на Ковачевски и Петков по пленарниот состанок продлжија со заедничка прес-конференција.
OhridNews