Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати и со видео порака, во чест на денешниот голем државен празник 8 Септември, со којашто на сите граѓани во државата го честита Денот на независноста на Републиката.

32 години по прогласената независност на нашата Република, Гласникот на слободата, 8 Септември, денес бара слух од сите нас, за континуиран развој.

Денешниот 8 Септември повикува на слободно одлучување како демократска должност, за подобар живот на сегашните и идните генерации.

Со разумни и храбри одлуки нашата држава дојде до независност по мирен пат и притоа ја сочува унитарноста. Воведовме своја државна валута. Знаме. Химна. Станавме членка на Обединетите нации. Надминавме воен кофликт. Станавме членка на НАТО. Отпочнавме преговори со Европската Унија.

Денес живееме во држава со осигурани територијални граници. Со признаен македонски јазик и македонски идентитет. Држава којашто е пример за почитување на човековите права, како успешна, мултиетничка и мултикултурна функционална демократија. Европа во мало, истакна во празничната честитка премиерот Ковачевски.

Ковачевски: 8 Септември 2023 повикува на континуитет во развојот за подобар живот на сегашните и идните генерации

OhridNews