Трудот на работниците мора соодветно да се вреднува и почитува, сите работници кои работат во недела мора да добиваат најмалку 50% повисока дневница, порача денес Премиерот Димитар Ковачески при посетата на фабриката „Дура“ заедно со менаџментот на компанијата, министерската за труд и социјална политика Јована Тренчевска, директорите на ТИРЗ Јован Деспотовски и на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска.
Овој закон има многу позитивен ефект врз економијата, тој ги стимулира работниците и позитивно влијае на нивната продуктивност што е во интерес и на самите компании. Законот недела неработен ден ќе даде одлични резултати во зголемување на продуктивноста на компаниите и унапредување на стопанството, истакна Ковачески.
Тој додаде дека клучот за успешна стратегија во делот на странските инвестиции е обезбедување одржливост и развој на инвестициите, но и натпросечни плати со што се подобрува квалитетот на животот и примањата на граѓаните.
OhridNews