Хрватскиот стручњак Нико Ковач го положи испитот „да се биде или не“ на клупата од Баерн Минхен. „Баварците“ го одиграа најдобриот меч сезонава и со 5-1 ја совладаа Бенфика во петтата рунда од Лигата на Шампиони.

  • Се беше како што треба. Добро се браневме и ги искористивме речиси сите шанси за погодок. Конечно, добри 90 минути и ниво на игра кое наликува на Баерн Минхен. Можда ќе звучам чудно, но можевте да видите колку мојот тим изгледа моќно кога игра мечеви во Лигата на Шампиони. Кога играме со послаби и помали тимови на екипата и недостасува мотивација, како што е случај во Бундес лигата. – изјави Ковач.

Стратегот на Баерн Минхен го пофали Френк Рибери кој стави печат на победата. По два погодоци претходно постигнаа Арјен Робен и Роберт Левандовски.

  • Многу ми е драго што постигна погодок. Работи напорно на тренинзите, а на натпреварите несебично ги проигрува и разигрува соиграчите. Вистински пример за професионалец. – додаде Хрватот.

Во последното коло на Баер Минхен му е потребен бод на гостување кај Ајакс за да го осигура лидерското место на табелата.

OhridNews