Македонската женска ракометна репрезентација во пеколна атмосфера стигна до првата победа на ЕП 2008.

Во преполната салата “Борис Трајковски“ во Скопје, Македонија со 31-29 ја совлада селекцијата на Хрватска.


До победата која широко ги отвара вратите кон главната рунда Македонија, ја предводеа Андреева на голот и  Портјанко и Кресоја во нападот.

Вечерва победи Македонија, се надевав на победа – рече Портјанко по завршувањето на мечот. Ужасно се чуствував по исклучувањето, но се е добро кога добро ќе се заврши, додаде таа.

Неможеше да биде подобро. Направивме неколку тактички измени кои вродија со плод – рече Пецеска.

Во последното коло Македонија, в сабота ќе игра против Србија.

М.П.