Селекците на Германија, Црна Гора, Хрватска и Франција по вчерашните триумфи обезбедија пласман во “главната“ рунда на СП кое се игра во Македонија.

Резултати II коло:

во А Групата во Скопје: Исланд – Словенија 26:26, Романија – Германија 30:38.  

Во Б групата во Гевгелија: Јапонија – Црна Гора 30:31, Данска – Ангола 32:25.
 
Во Охрид во салата Билјанини Извори во Ц групата : Австралија – Хрватска 18:53,  Кореа – Бразил 37:32.

И во Д групата во Виница: Алжир – Франција 18:34, Шпанија – Тајпеј  27:19.

ohridnews