Секое издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга си има своја посебна приказна. На 39 од 41 турнир дел како играч или тренер дел е Коцаревски, кој е жива историја за струшкиот турнир.

– Традицијата сеуште се негува, а тоа е најдобро за еден ваков настан како што е меѓународниот турнир во ракомет. Покрај тоа овој турнир има континуитет што уште повеќе ме радува – рече Коцаревски.

Турнирот често доживувал големи осцилации, но благодарение на ентузијазмот на стружани тој никогаш не згаснал, а последниве две години е меѓу најдобрите на Балканот.

– Турнирот доживуваше големи осцилации доаѓаа Европски шампиони како Металопластика и Борац од Бања Лука, а после неколку години ќе немавме доволно екипи за почеток. Но, нашиот ентузијазам победи ги издржавме сите тие падови и денеска турнирот преставува вистинско светло за македонскиот ракомет – истакна Коцаревски.

На првата средба од турнирот Струга предводена од Коцаревски на клупата претпрпе пораз од Металург 30-14, кој брани титулата освоена мината година.

– Се освен победа на Металург ќе беше големо изненадување. И со втората екипа тие беа посилни, поквалитетни, а тоа говори за нивниот сериозен пристап на секој натпревар каде и да се игра – заврши Коцаревски.

Во второто коло од турнирот во Струга домаќините ќе се сретнат со францускиот Версај.

Мх.П.