Со средствата од котизацијта ќе се подмиуруваат сметките за службените лица, судиите , делегатите и контролорите на натпреварите.
За разлика од лани кога котизацијата беше поделена на пола, на две еднакви рати кои се уплаќаа пред стартот на есенскиот и пролетниот дел, годинава ФФМ се одлучи таа да се изврши еднократно и тоа пред стартот на првенството. Освен котизација, за добивање лиценца за право за настап во Првата лига
клубовите ќе треба да исполнат и голем број други критериуми. Меѓу
другото, треба да имаат соодветен стадион, но и уредно заведени
вработувања на фудбалерите и преостанатите членови на управата.
Доколку некој од прволигашите не ја уплати потребната сума до предвидениот рок, тогаш го губи право на настап во лигата, а дополнително ќе биде донесена одлука дали некој ќе го завземе неговото место.
Истото ќе важи и за клубовите во втората лига, која годинава ќе брои 16 клуба.