Тимот на Бутел направи голем чекор напред кон плејофот во Супер лигата совладувајќи го Охрид (23-15) на домашен терен во 11-та рунда од ракометниот шампионат. „Гладијаторите“ го одиграа најслабиот натпревар сезонава, а домаќините стигнаа до победата и реванш за поразот од првата етапа во „Билјанини Извори“.
- Не беше лесно како што покажува резултатот. Овој натпревар ни беше многу важен за да бидеме сигурни за влез во плеј-оф. Охрид е одлична екипа, имаат одличен бек Дарко Георгиевски, но нашата игра во одбрана и одличниот голман ја направија разликата. Беа немоќни, секој втор напад им беше пасивен. Долго време не сум видел некоја екипа да даде само четири гола за едно полувреме. Нашите крила одиграа одлично, Бутел е фантастична екипа и фантастични момци, кои сакаат да се надигруваат со сите. – изјави Котевски за 24ракомет.
Излез од резултатската мини криза Охрид ќе бара против последнопласираниот Борец, а Бутел го очекува нова дерби пресметка во Битола против Пелистер.
OhridNews