Кандидатот за градоначалник на Струга од ВМРО ДПМНЕ, Славко Котески, го обвини неговиот политички ривал од ДУИ и актуелен градоначалник на Струга, Рамиз Мерко дека намерно ги предизвикал проблемите во ОСУ „Нико Нестор“, со цел да ги освои гласовите кај албанците на претстојнуите избори.

Овој повеќегодишен проблем сега добива етничка и политичка конотација во режија на градоначалникот Рамиз Мерко и органите на локалната самоуправа. Тоа претставува евтин обид да се дојде до скапи поени кај албскаиот корпус, рече Котески


Котески: Мерко е виновен за меѓуетничките тензии во „Нико Нестор“

Градоначалникот Рамиз Мерко во телефонски разговор ни изјави дека нема да ги коментира ваквите обвинувања, кои според него се во функција на претстојните избори.

Ohridnews