– Во Охрид ништо не се случува. Апелирам до централната и до локалната власт да се решат проблемите околу салата во Охрид. Ова првенство ги надминува сите локални или партиски интереси, зашто е многу важно за целата земја. Салата мора да биде подготвена навреме. Ова ЕП е нешто најубаво што ни се случило во овие особено тешки и неизвесни времиња. Нема поубав начин да докажеме дека припаѓаме во Европа, од добра организација на едно вакво првенство – смета Костовски
Последната инспекција од ЕХФ ќе биде направена во половината на мај. Ждрепката за групите за Европското првенство ќе се одржи на 20 јули во Охрид. Терминот е така темпиран за да се избегне ЕП во фудбал и да биде во моменти кога јавноста не е преокупурана со други спортски настани.