Трифун Костовски, творецот на некогашниот ракометен европски шампион не е повеќе дел од Кометал Ѓ.П. На прес конференцијата, Костовски откри дека мотивот е единствено финасиси бидејќи не можел сам и понатаму да го финансира клубот.

Покрај Кометал Ѓ.П. Костовски најавил и официјална оставка од функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија.
 
Претседателот на Кометал Ѓ.П., Иван Бојков,за среда најави состанок со ракометарките на кои ќе им биде соопштена одлуката и од нив ќе се побара разбирање. Оние кои нема да сакаат да останат во клубот ќе можат да побараат раскин на договорот и да бидат слободни ракометарки. 

 
ohridnews