Подновена со неколку нови имиња екипата на Металруг ќе се обиде да го заЧува третото место но потајно се надева дека може да ги замрски сметки на водечките Ренова и Работнички. На „ Железарница“ дојдоа шест нови фудбалери: Алију, Костовски, Медиќ, Кралевски, Костенцоски, Тенекиџиев. Меѓу фудбалерите кои дојдоа во Металург е и повратникот во македонското првенство, корпулентниот напаѓач Јован Костовски. Тој пред да замине на печалба во Грција ги бранеше боите на Вардар.
– Металург е амбициозен клуб и има желба да игра во Европа и затоа ја прифатив понудата да се вратам во Македонија. Нема да се задоволиме со третото место и ќе направиме се во лигата да ги стигнеме Ренова и Работнички. Со поголемиот дел од фудбалерите сум играл и нема да имам проблеми околу адаптацијата во новиот тим – истакна Костовски кој беше стрелец на единствениот погодок за Металург на првиот тест со Силекс.
„Зелените“ во Охрид ќе одиграат пет пријателски натпревари , а првата контрола ја имаа вчера со тимот на Силекс на која ремизираа 1-1.
Фото : Емилио
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com