Ренова со убедлив триумф над Охрид стави печат, на одличната сезона. “Гипсарите“ во финалето го совладаа Работнички и ја освоија првата титула во Купот на Македонија. За успесите и добрите игри на Ренова, голема можеби и најголема заслуга има тренерот Влатко Костов.


Сезоната за Ренова започна тешко, но како одминуваше времето така и нашата форма одеше во нагорна линија. Зимските припреми во Охрид, беа полн погодок, кондиционо се спремивме добро. Наш приоритет беше Купот на Македонија, кога трката во првенството беше решена. Со трофејот од Купот на Македонија, и неочекувано убедлвата победа во Охрид ние ја заокруживме одличната сезона – потенцираше тренерот на “гипсарите“ Влатко Костов.


Костов, се осврна на тоа што Охрид, останува без прволигаш откако “рибарите“ после една сезона се вратија во втората македонска фудбалска лига.


Многу ми е жал за Охрид, што останува без прволигаш. Вината е во сите, а не во поединци. Испаѓањето во втората лига треба да биде отрезнување, а не разочарување. Сега на охриѓани им престои макотрпна работа да го направат клубот стабилен второлигаш, каде што сите работите ќе функционират на ниво. За потоа повторно да се вратат во елитно друштво – истакна поранешниот помошник во А репрезентација, Костов.

Тимот што победува не се менува, така функционираат работите и во Ренова. Костов ја продолжи соработката а голем дел од фудбалерите и наредната сезона ќе ги бранат боите на тетовски прволигаш.



– Ја продолжувам соработката со Ренова, го продолжив договорот. Сите успеси во оваа сезона им го посветувам на сопствениците на “гипсарите“ браќата Идризи. Да се биде во клуб како што е Ренова е голема чест – заврши Костов.

Мх.П.