По завршувањето на десетдневните подготовки во Охрид, македонската репрезентација за кошаркари под 20 години, доби неколку дена заслужен одмор.


И Селекторот Рајковиќ и капитенот Костоски по завршените подготвки задволни го напуштаат Охрид. Капитенот Костовски вели групата добро се познава и лека полека се навикна на темпото кое го диктира селекторот Рајковиќ

Долго време играме заедно, добро се познаваме. За ова ЕП добивме нов селектор, па низ подготовките се запознаваме со неговите принципи на работа. По завршувањето на подготвките во Охрид, имаме неколку дена одмор по кој на 15-ти заминуваме на турнир во Бугарија. На турнирот очекувам да ја видиме првата слика до каде сме се подготвиле.
 


Предводникот на оваа млада селекција на играчи, кој е заедно отрплика пет години, Костоски вели дека за него противниците не се непозната енигма.

Многу добро ги познаваме противниците, досега имаме учествувано на три ЕП во Б дивизијата и една во А дивизијата. Со исклучок на Норвешка останатите  добро ги познавам. Директни конкуренти за освојување на двете места се селекциите на Финска и Португалија.

Еве го распоредот на мечевите во Бугарија
 
Програма на Македонија У 20 на турнирот во Самоков:

1. коло – 16 јули
МАКЕДОНИЈА – Романија,

2. коло – 17 јули
МАКЕДОНИЈА – Бугарија (У 20),

3. коло – 18 јули
МАКЕДОНИЈА – Бугарија (сениори).

Генерално планот е исполнет. По турнирот во Бугарија, последниот тест  пред стартот на ЕП ќе го имаме против Црна Гора на 22-ри  не информираше селекторот Рајковиќ .

Европското првенство започнува на 1 Август

М.Постоловски