Модната куќа „Herve Leger“ во својата понуда има едноделен костим за капење кој чини 1050 долари, а на етикетата пишува дека не е препорачливо да дојде во допир со вода. Костимот бил направен за позирање покрај вода, а на интернет страната на која го продаваат пишува дека за да се добие најдоброто од костимот за капење, ве советуваме да не го носите во вода.


И покрај предупредувањето, костимот може да се пере во машина за перење алишта. Минатата година брендот Родарт продавал чорапи од 500 долари кои не смеат да се перат. Прочуениот Кристиан Луботин, пак, во 2009 година дизајнирал чевли со потпетица висока 20,3 сантиметри кои биле невозможно да се носат.