Еден од најзаслужните за победата на Охрид против Радовиш е чуварот на мрежата Крсте Костески, кој 14 пати успешно интервенираше.

– Цела недела се подготвувавме за овој натпревар, го сфативме сериозно и на крајот се исплатеше. Сите совети кои ни ги даде  нашиот тренер ги послушавме  и сите негови задачи ги исполнивме и затоа триумфот не изостана – рече Костески.

Со трите бодови од овој дуел ракометарите на Охрид ќе се искачат неколку позиции на табелата, а до крајот на првенството ќе одиграат уште два натпревари.

– Пласманот на табелата не го покажува нашиот вистински квалитет. Несреќно загубиме во Штип од Текстилец, а нашето право лице е ова што на мечот со Радовиш го виде охридската публика – заврши Костески.

Мх.П.