Чуварот на мрежата Крсте Костески, летечкото крило Крсте Андоновски и пивотменот Тодор Анѓелкоски ја продолжија верноста со Ракометниот клуб Охрид.

Костески и Андоновски беа едни од клучните ракометари минатата сезона кога „гладијаторите“ обезбедија опстанок во суперлигашкото друштво.

Претходно со „гладијаторите“ верноста ја продолжија Бојан и Валентино Белевски, а во периодов треба да се официјализираат и некои нови засилувања.

Мх.П.