Одличен извор на влакна кои го намалуваат нивото на холестерол, а содржат и низа минерали – бакар, цинк, фосфор, калиум, калциум, манган и железо, а сето ова го урамнотежува крвниот притисок и позитивно влијае врз метаболизмот на коските.

Костенот е единствен јаткаст плод кој содржи витамин Ц и на триесеттина грама има само еден грам масти и помалку од 70 калории. И тоа е доволно да биде прогласен за есенска суперхрана, но тука не застануваат позитивните влијанија од овој вкусен плод.

Костенот обилува и со фолати кои се наоѓаат во зелениот лиснат зеленчук, а освен нив има и фолна киселина и витамини Б1, Б2 и Б6. Се разбира, одличен извор е на влакна кои го намалуваат нивото на холестерол, а содржи и низа минерали – бакар, цинк, фосфор, калиум, калциум, манган, железо, а сето ова го урамнотежува срцевиот притисок и позитивно влијае врз метаболизмот на коските.

Во текот на сезоната на костени оваа суперхрана треба што повеќе да ја искористиме, па за најдобри резултати се препорачува консумација од 85 грама дневно.

Покрај сето тоа, костенот, како и бадемите и лешниците, не содржи глутен, а највеќе содржи скроб, баш како и пченката и компирот. Костеновото брашно е лесно сварливо, како и варени или печени цели костени.

извор:metro-portal.hr