Компанијата „Костал Македонија“ денеска донираше поголема количина вода за пиење на Територијалната противпожарна единица Охрид, која заедно со вработените во НП Галичица, Планинската спасителна служба при Црвен крст Охрид и волонтери, се борат против огнената стихија на планината Галичица.
Во овој момент ни е потребна поддршка од вода, храна, ракавици, маски и заштитна опрема за волонтерите, изјави Борко Јанкулоски, командир на ТППЕ Охрид.
Генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, истакна дека донацијата е најмалку што може да направи бизнис заедницата.
Денеска доставивме донација во вода, а наредните денови ќе донираме дополнителни колични на вода и храна, но и заштитна опрема која беше посочена од страна на Противпоижарната служба од Охрид. Се она што е во наша можност сме подготвени да го донираме и да помогнеме, бидејќи мислиме дека бизнис заедницата е многу важна на еден или друг начин да помогне во справување со ваква елементрана непогода. Често со нашите вработени имаме заеднички дружења на Галичица, сме се качиле на Магаро и до Ф 10 во неколку наврати и навистина важно е да ја зачуваме природната убавина на државата дотолку повеќе што ова е национален парк и најмалку што може ние да направиме е да реализираме одредена донација и да ги поддржиме овие натчовечките напори на пожарникарите, волонтерите и сите вклучени во гаснењето на пожарите, рече Мизо.
Мизо истакна дека по завршување на кризата Костал планира да се вклучи активно со донација и активности во пошумување на делот од планината каде е уништена шумата на Галичица.
Г.М.