Во изминатата 2020 година, која беше исклучително специфична поради здравствениот предизвик што резултираше и со економска криза, голем број компании го намалија бројот на вработени. Охридската компанија со технолошки напредно производство, Костал Македонија, која е дел од Групацијата Костал, во услови на редуцирано производство и намалени приходи споредено со планираните, во време на криза успеа да ги зачува сите ангажирани работници и активно вработуваше нови.

Во годината во која сите се соочувавме со ефектите на најголемата здравствена и економска криза до сега, во Костал Македонија беа реализирани нови 322 вработувања, инвестициите надминаа износ од 14 милиони евра, a продажбите 51 милион евра, што е зголемување од над 50% споредено со обемот на продажби за 2019 година. – информираат од компанијата за производство на софистицирани делови за автомобилската индустрија.

Што се однесува до вработените, компанијата склучи договор за приватно здравствено осигурување со што  овозможува тие бесплатно да користат услуги и во приватното здравство.

Водени од грижата за здравјето и благосостојбата на своите вработени и нивните најблиски, Костал Македонија склучи договор за приватно здравствено осигурување со што им овозможува на сите свои 860 вработени, но и оние кои допрва ќе му се придружат на тимот, да ги користат без надомест услугите во реномираните приватни здравствени установи од листата на договорни партнери на „Кроација Осигурување“, како и соодветно покривање на трошоците за лабораториски испитувања, лекови, офталмолошки или стоматолошки здравствени услуги. – истакнуваат од компанијата.

Во 2020 година, е реализирано зголемување на платите на вработените и воведени се дополнителни бенефиции, зголемување на регресот на годишен одмор, кој заради финансиските резултати причинети од интензивните инвестиции, компанијата не беше обврзана да го исплати, а сепак го стори тоа, додаваат од Костал Македонија.

На планот на корпоративната општествена одговорност, Костал Македонија, покрај соработка и помагање на локалната заедница, посебно е активен на планот на образованието преку програмите за “Летна студентска пракса” и “Инженер на тренинг”, со кои им се дава шанса на тековните и штотуку дипломирани студенти од техничките науки да зачекорат по својот иден кариерен пат. Освен тоа, компанијата е еден од најголемите поддржувачи на дуалното образование во земјата.

Костал Македонија не планира да застане тука, туку напротив, до крајот на 2021 година, според компанискиот бизнис-план, бројот на вработени треба да се зголеми од актуелните 860 на 1.050. Дополнително непрекинатиот инвестициски циклус се очекува да продолжи и годинава со нови 31 милион евра во напредна опрема и воведување на нови производни линии за Јагуар, Ланд Ровер и Ауди. Сето ова согласно последните финансиски предвидувања за 2021 година ќе резултира со повеќе од двојно зголемување на обемот на продажба споредено со 2020 и достигнување на рекордно ниво од над 105 милиони евра до крајот на оваа година. – велат од Костал.

Костал Македонија е постојано отворен за нови вработувања. Моментно вработените се професионалци во своите струки, кои доаѓаат од сите страни на земјата, од Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Ресен, Кочани, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Штип, Велес, Кичево, Македонски Брод, Крушево, Гостивар, Тетово, Куманово, Скопје.

OhridNews