Компанијата Костал заедно со Далма Фуд донираше поголемо количество на прехрамбени производи за хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид за „Неделата на борба против гладта“.
Продолжуваме со активностите за прибирање на прехрамбени производи за социјално загрозени семејства во Охид и Дебрца. Нашите волонтери се на пунктовите во маркетите Тамаро и Миса во Охрид подготвени да ја примат вашата донација на прехранбени производи и средства за хигиена. Да бидиме хумани!, порачуваат од Црст Охрид.
Од донираните средства и собраните намирници во кампањата, посочуваат, ќе се подготват хуманитарни пакети со прехрамбени производи, кои ќе бидат дистрибуирани до крајните корисници.
Воедно упатуваат апел до нашите сограѓани, компании, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција и според своите можности дадат придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебрца.
Н.С.Ј.