Kомпанијата „КОСТАЛ Македонија“ традиционално, како и секоја година, во очи Новата 2024 година, деновиве донираше празнични новогодишни пакетчиња за дечињата од Центарот за грижа за лица со попреченост „Зраци“, Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок”, Здружениeто на глуви, наглуви и слепи лица и Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце”.

Компанијата оваа година донираше 70-тина новогодиши пакетчиња, со што покажа грижа и посветеност кон овие организации кои имаат исклучително хумана и важна мисија во нашето општество.

Од „КОСТАЛ Македонија“ им ги честитаат Новогодишните и Божикни празници на сите деца во градот и пошироко, како и на сите основци, средношколци и студенти, до кои оваа успешна компанија, која несомнено е еден од двигателите на нашата економија, упати посебна порака.

На учениците и студентите им посакуваме пред се’ многу здравје, радост, среќа и успех во Новата година. Сакаме да им порачаме најмногу да бидат посветени на учењето и стекнувањето знаења, затоа што само на таков начин ќе може да си го изберат вистинскиот пат кон успехот, порача во новогодишната честитка до најмладите генералниот директор на „КОСТАЛ Македонија“, Виктор Мизо.

OhridNews