Само пет секунди ги делеше битолските ракометари од победа во Охрид и освојување на целиот плен. Радоста им ја скрати охридскиот пикер, Атанас Поп-Стефанија, кој погоди за егал на пет секунди од истекот на 60-те минути.

– Наивноста и неискуството на ракометарите во последните секунди од крајот на натпреварот не чинеше победа. Со еден тактички фаул, ќе ја заправме играта и немаше да има време за напад кон нашиот гол. Бодот на крајот е реален исход и морам да кажам дека изненаден сум од отпорот на охридскиот состав кој ни го пружи – рече стратегот на битолчани, Ристо Костадиновски.

Битолчани покрај ремито во Охрид остануваат при врвот на табелата и најверојатно ќе обезбедат пласман во разигрување за титулата во пролетниот дел од Супер лигата.

 

Мх.П.