Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на граничниот премин „Ќафасан“ го пречека претседателот на Австрија, Александер Ван дер Белен, кој на покана од претседателот Стево Пендаровски, денеска и утре престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Посакувајќи му добредојде на сојузниот претседател, Костадиновска-Стојчевска, како што соопшти Министерството за култура, ги истакнала добрите односи меѓу двете земји, вклучително и во областа на културата.

Оваа официјална посета ќе даде дополнителен импулс во зацврстувањето на пријателските врски помеѓу Северна Македонија и Австрија, истакнала минисерката.

Таа, како што е наведено во соопштението, изразила задоволство што покрај официјалната програма, делегацијата ќе има можност да се запознае и со македонското современо творештво, со традицијата и, секако, со значајни културно-историски споменици и локалитети во Охрид и во Скопје.

OhridNews