Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Диего Коста во 28-та минута го заврши мечот со Барселона на Ноу Камп, откако доби директен црвен картон од главниот судија Жесус Манцано поради пцовки и навреди.
„Јорганџиите“ и со десет фудбалери во поле долго оддолеваа на нападите од каталонците, но не издржаа и изгубија со 2-0. Црвениот картон и поразот тешко ги поднесол Диего Коста кој се расплакал во соблекувалната.
Шпанските медиуми јавуваат дека судијата го пријавил Диего Коста во записникот и дисциплинската комисија ќе има своја работна задача. Казните за пцовки и навреди на службени лица во кои спаѓаат судиите се големи, а Диего Коста сигурно нема да помине лесно.
OhridNews