Коста Карадимче и во следните четири години ќе го предводи охридскиот Сојуз на спортови откако на редовното собрание во Општината Охрид беше реизбран за претседател.


Тој немаше против кандидат во претседателската трка и 47-те делегати од 41 клубови му доделија нов четиригодишен мандат.


– Морам да бидам искрен, мојот реизбор за претседател на Сојуз на спортови во Охрид е крајно неочекуван. Сепак, ова ќе биде мотив повеќе за мене за што подобра и поефикасна работа за и околу спортот во Охрид. – рече Коста Карадимче по реизбирањето.


Делегатите едногласно го усвоија финансискиот извештај за четиригодишнетото работење и 2015 година на Сојузот на спортови, а по пат на гласање беа избрани нови членови во Управниот и Надзорниот одбор.

Мх.П.