Министерството за образование, наука и технологија на Косово, со календарот за учебната 2023/24 година, предвиде учениците од основните и средните училишта да имаат тридневен есенски распуст, јави дописникот на МИА од Приштина.
Како што стои во одлуката, учениците есенскиот распуст ќе го започнат на 1 ноември, а ќе заврши на 3 ноември.
Пред почетокот на оваа школска година, министерката за образование, наука и технологија, Арберие Нагавци го најави есенскиот распуст како новина за оваа учебна година.
Иновацијата е во тоа што ќе имаме и есенски распуст, за да имаме баланс во оптоварувањето на децата во текот на новата учебна година, изјави Нагавци.
OhridNews