Натпреварувачите на екипата на „Фан“ од Приштина најдобри и во второто коло на зимската меѓународна лига во спортски риболов и во екипна и во поединечна конкуренција. На каналот Студенчишта, во организација на СРК „Рибарска Вистина“ се одржа второто коло од првата зимска меѓународна лига „ Охрид 2011“ во дисциплината „Лов риба со јадица на пливка“ во конкуренција на сениори.

Рибарите од Косово го освоија златото и во екипна и во поединечна конкуренција. Наредната зимска меѓународна лига „Охрид 2011/2012“ ќе се одржи во 5 кола од октомври 2011 до март 2012 година  и на неа да учествуваат 20 екипи од Балканот. Ќе се одржат лига натпревари и во категории на сениорки, кадети, јуниори и ветерани.

–    Бројот на учесници во  зимската лига во најголема мера ќе зависи од условите во каналот Студенчишта, потребно е да се отстранат  старите бродови кои долго време не се во возна состојба. Сега каналот заедно со Биљанини Извори наместо да преставува атракција за туристите тој создава грда слика и наликува на отпад за стари бродови – вели Радован Димитриески од организaциониот одбор.

Лигата ќе се одржува секоја година затоа што е единствена зимска лига во спортски риболов на балканските простори и пошироко, и конечно спортовите на вода ќе си го заземат своето место во водите на Охридско Езеро.

Финални резултати:
Екипно :
1.    КСР „Фан“ од Приштина
2.    ЗСР „Бабуна“ од Велес
3.    СРК „ Св.Апостол Петар “ од Охрид
4.    СРК „Пец Пец“ од Прилеп
5.    СРК „Барбус Фиш“ од Битола
6.    СРК „ Мак Дам “ од Куманово

Поединeчно први три места:
1.    Јетон Мулоли – КСР „ Фан“ Приштина
2.    Ветон Драга – КСР „ Фан“ Приштина
3.    Миров Миланчо – „Бабуна“ Велес
Најдобро пласиран натпреварувач од Охрид е Раде Блажески со освоено  7 место.