Тројца државјани државјани на Косово биле уапсени во Венеција под сомнение дека се обиделе да го кренат во воздух мостот Риалто, еден од најпознатите симболи на градот. Во акцијата полицијата идентификувала терористичка база. Тројца џихадисти, односно тројца државјани на Косово се уапсени од страна на италијанската полиција под сомнение дека сакале со експлозив да го урнат мостот Риалто во Венеција.
Весникот Corriere del Venteno објави дека полицијата во строгиот центар на Венеција открила терористичка база. Џихадистите извесен период биле следени од полицијата, а анализите на нивните вообичаени навики било забележано дека тие минуваат низ процес на радикализација. Тројцата државјани на Косово биле уапсени во заедничка акција на полицијата и карабињерите пред театарот La Fenice. Сите имале регулиран престој во Италија, а двајца од нив работеле во едно кафуле.
Како дел од антитерористичката акција, полицијата извршила претрес на 12 локации, од кои десет се наоѓале во строгиот центар на Венеција.
OhridNews
извор Макфакс