Едностраното прогласување на независност на Косово кое во меѓувреме го признаа САД и повеќе големи сили од ЕУ, ќе предизвика нови поделби во светот. Дури 94% од посетителите на Ohridnews, сметаат дека независноста на  Косово ќе предизвика нови тензии и поделби.

Вкупно 430 читатели или 60% на анкетното прашање „Што ќе донесе прогласувањето на независноста на Косово?“ одговориле дека ќе предизвика нови поделби во светот. Други 230 или 34% сметаат дека независноста на Косово ќе предизвика нови тензии и немири во регионот. Само 6% или 42-ца анкетирани сметаат дека независно Косово ќе доведе до стабилизација на Балканот.

ohridnews