Косовското министерство за трговија и индустрија на својата интернет страница ги промени имињата на некои географски поими јави српското радио Б-92. Шар планина е преименувана во Албански Алпи, а културно историското богатство се презентира како дело на албанци во византискиот период.
Србија најави дека жестоко ќе се спротистави на преименувањето на топонимите, а со реакција се јави и рускиот историчар Алексеј Лидов кој ги оспори тврдењата на косовските власти дека културно-историските знаменитости и црквите кои се наоѓаат на Шара ги граделе албански мајстори и дека тие се културно наследство на Албанја.
Ваквиот потег на косовските власти според аналитичарите е дел од стратегијата на Косово кое најави дека наскоро ќе прогласи независност од Србија.
ohridnews