Селекцијата на Косово е првата од двете пречки кои македонската фудбалска репрезентација треба да ги мене и да обезбеди историски пласман на Европското првенство 2020 година.

Косовската селекција со триумф (4-0) на домашен терен против Азербејџан го осигура првото место во групата, пласманот во баражот и искачувањето еден ранг погоре во Лигата на Нации.

„Црвено жолтите“ ќе бидат домаќини на полуфинална пресметка која ќе се одигра во март месец следната година. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат селекциите на Грузија – Белорусија.

Победникот од Ф4 турнирот ќе обезбеди пласман на Европското првенство.

OhridNews