Мобилниот оператор „Космофон“ победи на тендерот за добивање одобрение за користење радиофреквенции за обезбедување јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од 3G технологијата.
Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации соопшти дека најповолен понудувач е компанијата „Космофон“ која за добивање на лиценцата за давање услуги од 3G технологијата ќе плати 10.500.000 евра. На тендерот учествуваше и компанијата „Т-Мобиле“.
Одобрението за користење на радиофреквенција се издава за време од 10 години со право на продолжување утврдено со закон.
Со воведувањето на 3G технологијата ќе се овозможи брз пренос на податоци преку мобилен телефон, услуги од типот „видео повик“, говор, брз интернет и слично.
ohridnews