Коски од животни, најверојатно од околните месарници, деновиве наместо на ѓубриште завршија на паркингот кај пазарот. На фотографиите што ни ги испратија читатели на Ohridnews, се забележува како коските се расфрлани наоколу. Најверојатно кучиња ги намирисале и ги растргнале, или некој несовесен се ослободил од нив фрлајќи ги во тревникот. Несоодветното одлагање на отпадот е голем проблем на Охрид, а особено загрижува односот на поедини лица кои работат со храна, бидејќи расфрланите остатоци од неа покрај грда слика претствуваат и сериозна опасност по здравјето на луѓето. На  потег се надлежните инспекции.


Коски расфрлани на паркингот кај пазарот

Ohridnews