Летните горештини неизбежно значат и многу потење и менување на облеката, дури и неколку пати дневно. Сетоа тоа станува многу напорно за нашето секојдневие, но тимот од МИТ се обидува да му пристапи на проблемот користејќи вселенска технологија. Тимот од MIT, односно тим кој се нарекува Ministry of Supply, позајмиле технологија за контрола на температурата од НАСА како би направила кошула наречена Аполо.

За изработка на кошулата користат материјали кои ја впиваат топлината од телото и така на лицето кое ја носи му даваат чувство на удобност и го спречуваат потењето. Слична технологија се користи и при изработката на вселенски одела за астронаутите. Креаторите на овој изум собираат донации за својата работа, а досега собрале 178 илјади долари.