Ова не е изненадување бидејќи вицепрвакот не најде спонзор што би ги покривал трошоците за настап во домашното првенство, а се откажаа и од Балканската лига.
Со откажувањето на Струмица, првата лига во сезоната 2008/2009 ќе има девет клуба со тоа што еден тим ќе биде слободен во секое коло.
Шампионатот почнува викендов, а најинтересно е во “Парк“ каде ќе се сретнат најуспешниот македонски кошаркарски клуб, Фершпед Работнички, и актуелниот освојувач на двојната круна, Фени Индустри. МЗТ ФОН Универзитет Скопје – Вардар , Торус – Амак СП, Поп Спорт ВСА – Свисслион Пелистер. слободен е тимот на Соколи.