Лутите скопски ривали МЗТ и Работнички ќе се сретнат во финалето во „Хуавеј“ Супер купот кој се одржува во Охрид.


За пласман во финалето „штрковите“ го совладаа составот на Куманово со 78-75 (25-21, 17-12, 23-21, 13-21) додека Работнички славеше убедливо против Кожуф 79-56 (10-15, 27-15, 22-12, 20-14).


Дуелот во Охрид меѓу „вечните“ ќе биде вистинско финале во Супер купот откако минатата сезона МЗТ Скопје го освои трофејот во националниот шампионат, а Работнички триумфираше во Купот на Македонија.


Финалниот натпревар во „Билјанини Извори“ по кој ќе се дознае освојувачот на трофејот во Супер купот е закажан за 19:30 часот.

Мх.П.