На вчерашната седница во Охрид здружението на прволигашите позитивно се изјасна за календарот за новата натпреварувачка сезона.

Во првата натпреварувачка фаза ќе се одиграат 18 натпревари, по кои првите 6 екипи ќе обезбедат место во Првата “А“ лига, каде ќе одиграат уште 10 натпревари.

Потоа следува плејоф, во кој ќе учествуваат првите 6 екипи.

Двете првопласирани обезбедуваат директно пласман во полуфиналето, а екипите од 3 до 6 место ќе стартуваат од четвртфиналето.

Екипите од 7. до 10. место во регуларниот дел ќе се борат за опстанок.

Сезоната стартува со Куп натпреварите на 13 септември. На 27 септември е предвидено одигрување на Супер Купот, а 1. коло од Првата лига е предвидено за 4 октомври.

Ол Стар натпреварот ќе се одигра на 22 декември.

Првата “А“ лига е предвидено да стартува на 24 јануари, а ќе заврши на 11 април.

Завршницата на Купот на Македонија ќе се одигра од 4 до 7 март.

ohridnews