Кошаркарски школи од Охрид и Струга и оваа година ќе присутвуваат на кошаркарскиот камп во Улцињ, Црна Гора. Младите охриѓани ќе имаат можност одблизу да се запознаат со кошаркарските техники на еминетни кошаркарски имиња од женската и машката кошарка во Црна Гора.


Од година во година нашата организација, станува се подобра и искрено се надевам дека за некоја година и ние ќе бидеме горди на камп кој ќе се одржува во Охрид – вели Весна Балазоска од КК “Колибри“.

Покрај КК Колибри“ на кампот ќе учествуваат и охридскиот КК “Старс“ како и струшките КК. “Кимико“ и КК “Црни Дрим“.

Целта на кампот е децата кои ќе учествуваат пред се да се осамостојат како едники, да го прошират својот социолошки поглед кон другите народи, ќе се “научат“ на спортската дисциплина збогатувајќи ги своите тактички и технички познавања. Сето тоа ќе биде комбинирано со многу друштвени игри, забава на песочната плажа на Јадранското море.

М.П.