Полуфиналниот натпревар во Купот на Грција помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос во ОАКА арената заврши на полувремето. Составот на Олимпијакос не се појави на паркетот на почетокот од второто полувреме, а како причина е наведеното судењето.

Незадоволството од судењето не е реткост во кошарката и спортот, но зачудува фактот што клуб каков што е Олимпијакос се одлучи за ваков потег.

Панатинаикос кој имаше водство на полувремето 40-25 во финалето во Купот ќе се сретне со ПАОК кој во 1/2 финалето славеше над Кимин со 72-61.

Последниот збор околу евентуална казна за Олимпијакос останува на грчката федерација.

OhridNews