Двајца кошаркари од младинскиот погон на ГКК Охрид добија повик од репрезентацијата до 14 години за учествио на селективни тренинзи, што ќе се одржат претстојниот период.
Мерт Максуд и Никола Рилкоски за прв пат се најдоа на списокот за селективни тренинзи на репрезентацијата на Македонија до 14 години кои ќе бидат одржани на 8 и 9 јуни во со СЦ „Кале“Скопје за финален избор играчи за претстојното Европско првенство за млади кошаркари, информира клубот.
Ова е потврда на квалитетот и талентот кој го поседуваат овие млади играчи и извонредна можност да стекнат ново искуство што ќе им биде од голема корист во понатамошната кариера.
Г.М.