Кошаркарската селекција на Македонија до 18 години подготовките за Европското првенство во Б дивизијата ќе ги обработи во Охрид.

Репрезентацијата предводена од селекторот Мирза Куртовиќ во Охрид ќе допатува со 15 кошаркари, а тука ќе ја темпира и крева формата за ЕП во Б дивизијата од 18 до 28 јули во Струмица.

Македонската селекција во групата се наоѓа со репрезентациите на Полска, Унгарија, Данска и Финска и важи за голем фаворит.

Мх.П.