Кошаркарската легенда Петар Наумоски е новиот претсдател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Наумоски на првата позиција во македонската кошарка ќе го наследи Даниел Димевски, кој десет години ја извршуваше претседателската функција.


Поранешниот македонски репрезентативец беше единствен кандидат на изборот откако неговиот противник Абдурахман Бајрактар се повлче од трката.

Наумоски е осмиот претсдател на МКФ по Благоја Самаковски, Зоре Темелковски, Јордан Камчев, Горан Рафајловски, Леонид Гајдаџиев, Драгољуб Арсовски и Даниел Димевски.

Ohridnews